Сиљановска-Давкова: Хипокризија и цинизам е селективното реагирање на неспортскиот вандализам

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вечерва во објава на Фејсбук насловена како „Ненаучена лекција“ реагираше на синоќешните националистички скандирања на навивачите на Шкендија за време на натпреварот со Карабах на Националната арена.

„Сеопштата осуда на навивачкиот примитивизам на сите ни влеа надеж за цврста решеност за справување со овој неспортски феномен. Просветителски звучеа апелите за ставање крај на националистичките и шовинистички повици од трибините. Но, вчерашните сцени од меѓународниот натпревар Шкендија – Карабах беа реприза на кумановската трагична приказна. Хипокризија и цинизам е селективното реагирање на неспортскиот вандализам. Само со заедничка доследна и бескомпромисна битка со шовинистичките изблици, без оглед чии се, ќе градиме здраво општество“, напиша Сиљановска Давкова.

Претходно, претседателката реагираше и на скандирањата на кошаркарскиот натпревар меѓу Македонија и Романија во Куманово  посочувајќи дека е неспортски е да се злоупотребува спортскиот терен за „вежбање“ говор на омраза и навредување.

Се вчитува...