„СИЛАТА НА ТВРДИНАТА“ – Вардар на интересен начин го промовираше новиот дрес (ВИДЕО)

Македонскиот ракометен вицешампион Вардар го промовираше новиот дрес кој ракометарите на скопскиот тим ќе го носат во следните две сезони.

Во пресрет јубилејната година во која Вардар го прославува 65-тиот роденден клубот направи склоп на својата и историјата на главниот град.

„Скопското Кале, тврдината на градот Скопје, симбол на издржливоста, на приказната која со децении, со многу труд и емоција ја имаат создавано и се уште ја создаваат генерации на ракометни легенди, спортски работници и навивачи, како и црвено-црните риги, нашиот препознатлив заштитен знак, на секој натпревар, дури и во најтешките моменти нека ги потсетуваат ракометарите на теренот на големината и на славната историја на клубот. Нека им бидат поттик и патоказ кон враќањето на тронот!

Новиот дрес е само почеток на низата од настани и активности, со кои РК Вардар 1961 во текот на целата година ќе го прослави 65 роденден“, стои во дел од објавата на РК Вардар.

Се вчитува...