Силекс чекаше 24 години на трофеј, и дочека во најчудната сезона во својата историја (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фудбалерите на Силекс предводени од Горан Симов сосема заслужено дојдоа до трофеј во Купот на Македонија, по 24 години повторно носејќи титула во Кратово и тоа во една од најчудните, за нив, сезони во клупската историја.

Сезоната ја почнаа со учество во квалификациите за Лигата на шампионите, но низ турбулентните десет натпреварувачки месеци кратовци брануваа на работ на опстанокот во Првата лига, па сега ги очекува и барожот против Тиквеш за останување во елитата.

Но, и наспроти сето тоа, храбро, трпеливо и со срце стигнаа до трофејот во најмасовното домашно клупско натпреварување добивајќи и нов европски излез следната сезона, во Конференциската лига, новото натпреварување на УЕФА.

 

Се вчитува...