Во рамките на своите подготовки за пролетниот дел од сезоната кои од 20. јануари до 3. февруари ќе се реализираат во Анталија, Турција, кратовски Силекс договори пријателски натпревар со еден од најславните руски клубови ЦСКА Москва.
Пријателскиот дуел со Русите ќе се игра на 25. јануари, а Силекс во Анталија ќе одигра уште најмалку три тест дуели.
Пред заминувањето за Анталија планирано е одигрување пријателски натпревар на 18. јануари со домашна екипа која дополнително ќе биде одредена.
Како што е познато, клубот по крајот на есенскиот дел го напуштија Дарко Додев, кој се пресели во Брегалница, како и Андреја Ефремов, Чаволи и Стефан Коцев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

