Силекс е последен полуфиналист во Купот: По пенали елиминирана Шкендија

Силекс е последниот полуфиналист во Купот на Македонија откако по изведувањето на пеналите славеше со 4-2 против Шкендија, на дуелот во Кратово кој во регуларниот дел заврши без голови.

Ристов, Костовски, Серафимовски и Карчевски беа стрелци на головите од пенал за Силекс, а кај Шкендија погодија Нафиу и Бруно Дита. Од белата точка за тетовци не реализираа Тотре и Бесарт Ибраими.

Претходно, во регуларниот дел од четвртфиналните пресметки пласман во полуфиналето обезбедија Македонија ЃП, Академија Пандев и Струга Трим Лум.

„Лавовите“ без никакви проблеми со убедлива игра и нова своја голеада триумфираа со 1-4 на гостувањето против Беласица во Струмица. Триумфот за составот на Жикица Тасевски го обезбедија Ермедин Адем со два погодоци, Андерсон Барбоса и Абдул Басит Калид.

Нијаз Лена со гол од пенал во 53. минута донесе победа за Струга ТЛ во победата над Ренова.

КУП НА МАКЕДОНИЈА – 1/4-ФИНАЛЕ

Беласица – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-4

СТРУГА ТЛ – Ренова 1-0

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – Шкупи 2-1

Силекс – Шкендија (0-0) – по пенали:

Се вчитува...