Екипата на Силекс, по продолжувањето на соработката со тренерот Горазд Михајлов, се насочува кон комплетирање на играчите редови за новата сезона. Најново име меѓу кратовци е 19-годишниот Панче Петров кој доаѓа од струмичка Беласица.
Панче Петров игра на позиција лево крило, но може да одигра и на десната крилна позиција. Овој млад фудбалер имаше одлична сезона во тимот на Беласица во Втората македонска фудблска лига. Петров потпиша двегодишен професионален договор со Силекс.
Петров во изминатите години настапуваше и за Академија Пандев каде беше член од 2010 година. Ги помина младинските категории таму, а потоа замина во градскиот ривал Беласица во која настапуваше една сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА