Силекс продолжува со извонредната форма сезонава во Првата македонска фудбалска лига, демонстрирајќи надмоќ и во првото полувреме на гостувањето против Шкупи на Чаир во денешното 15. коло. Силекс има предност од 0-2 по првите 45 минути. Интересно е уште само на арената „Тодор Проески“ каде Работнички и Беса играат 1-1 по првото полувреме.
Кратовци по само седум минути игра дојдоа до предност од 0-1 на гостувањето против Шкупи на Чаир, во мечот во кој првпат чаирскиот клуб е под „капата“ на новите турски сопственици, а навивачката група „Шверцери“ слави 35 години постоење.
Во 44. минута од средбата, повторно Додев со својот втор гол донесе водство и од 0-2 за Силекс.
Беса го шокираше Работнички, поведувајќи со 0-1 во 22.минута на арената „Тодор Проески“. Гостите поведоа со голот на Алмир Ракипи кој стрелаше од непосредна близина.
Но, „романтичарите“ брзо вратија. Веќе во 27. минута Содик, по корнерот од левата страна, одлично реагираше на вториот дирек и израмни на 1-1.
На останатите три натпревари кои се играат од 13 часот нема погодоци по првите 45 минути.
ПРВА ЛИГА – 15. КОЛО (прво полувреме)
Охрид: ВОСКА СПОРТ – ВАРДАР 0-0
Скопје: ШКУПИ – СИЛЕКС 0-2
Додев 7′, 44′
Скопје: ГОСТИВАР – ТИКВЕШ 0-0
Струмица: АП БРЕРА – СТРУГА ТЛ
Скопје:РАБОТНИЧКИ – БЕСА 1-1
Содик 27′ – Ракипи 22′
Битола: ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА (17 ч.)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА