Силекс продолжува со извонредната форма сезонава во Првата македонска фудбалска лига, демонстрирајќи надмоќ и на гостувањето против Шкупи на Чаир во денешното 15. коло. Силекс, во мечот во кој првпат чаирскиот клуб е под „капата“ на новите турски сопственици, а навивачката група „Шверцери“ слави 35 години постоење, тримфираше со 0-2 на тој начин заедно со Гостивар останувајќи на врвот од табелата.
Гостиварци, пак, со гол во 84. минута го скршија отпорот на Тиквеш и славеа со 1-0. Веднаш зад нив на табелата и натаму е Работнички кој извојува убедливо победа на арената „Тодор Проески“ од 4-1 против Беса.
Кратовци по само седум минути игра дојдоа до предност од 0-1 на гостувањето против Шкупи на Чаир,
Но, Додев во 7. минута како „брз воз“ минувајќи покрај домашната одбрана се погрижи негативно да ги пречека новите газди…
Веќе во 44. минута од средбата, повторно Додев со својот втор гол донесе водство и од 0-2 за Силекс, што беше доволно за триумф и нови три бода за составот на Александар Васоски.
Беса го шокираше Работнички, поведувајќи со 0-1 во 22.минута на арената „Тодор Проески“. Гостите поведоа со голот на Алмир Ракипи кој стрелаше од непосредна близина.
Но, „романтичарите“ брзо вратија. Веќе во 27. минута Содик, по корнерот од левата страна, одлично реагираше на вториот дирек и израмни на 1-1.
Во второто полувреме целосна доминација на Работнички кој во само 15 минути постигна три гола.
Најпрво Гандо Биала во 60. минута одлично се снајде пред голот на гостите и стрелаше за 2-1.
А, потоа извонредна акција во три потези почната од Белица, од своја половина, кој одлично го пронајде Гандо во празно, а офанзивецот на Работнички без мислење од прва го пронајде Регба кој мајсторски погоди за 3-1. На крај, во 76. минута и втор гол на Регба за конечни 4-1.
Во Струмица, АП Брера и шампионот Струга ТЛ одиграа без победник (1-1). Најпрво АП Брера поведе со голот на Тодоровски во 59. минута…
Но, по само една минута гостите преку Укпа успеаја да израмнат на 1-1.
Гостивар триумфираше против Тиквеш во самиот финиш од мечот, благодарение на голот на резервистот Елвис Машике во 84. минута од средбата.
На дуелот во Охрид меѓу Воска Спорт и Вардар немаше голови.
ПРВА ЛИГА – 15. КОЛО
Охрид: ВОСКА СПОРТ – ВАРДАР 0-0
Скопје: ШКУПИ – СИЛЕКС 0-2
Додев 7′, 44′
Скопје: ГОСТИВАР – ТИКВЕШ 1-0
Машике 84′
Струмица: АП БРЕРА – СТРУГА ТЛ 1-1
Тодоровски 59′ – Укпа 60′
Скопје:РАБОТНИЧКИ – БЕСА 4-1
Содик 27′, Гандо Биала 60′, Регба 65′, 76′ – Ракипи 22′
Битола: ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА (17 ч.)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА