Македонскиот прволигаш Силекс веќе втор ден е во Анталија, каде ќе го реализира вториот дел од зимските подготовки. За првпат во клупската историја кратовци се решија да одработат подготовки во турскиот туристички центар, и јасно е дека ќе имаат одлични услови за работа. Од утре ќе стартуваат и проверките на формата, а наместо со германскиот нисколигаш Хомбург 08, избраниците на Жикица Тасевски ќе ги одмерат силите со рускиот клуб Шиник.
„Имаме одлилни услови за работа овде во Анталија и ќе се трудиме да ги искористиме на најдобар можен начин. Утре ќе го имаме и првиот тест, а ривалот е сменет во однос на првичниот план. Ќе одиграме против рускиот клуб Шиник и сигурно ќе биде тоа одличен тест за нас“, вели за ЕКИПА, Жикица Тасевски.
Дуелот меѓу Силекс и Шиник е закажан утре, со почеток во 15 часот по македонско време.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА