Два македонски клуба Силекс и Пелистер нема да можат навреме, според претходно планираното, да заминат во Анталија и да отпочнат со втората фаза од зимските подготовки. Причината е откажаниот утрешен лет, со кој и двата клуба планираа да се преселат во оваа турска база, каде што во моментов има многу подобри услови за тренинзи и за одигрување пријателски натпревари. Се работи за лет кој е дополнително уфрлен во календарот, но сега е и откажан, па двата клуба најверојатно ќе летаат ден подоцна, на 28.февруари, кога има и редовна авионска линија.
Денеска и фудбалерите и стручниот штаб на Работнички ќе се преселат во Анталија, каде ќе го реализираат вториот дел од зимските подготовки, а таму веќе се фаворитите за титулата, Вардар и Шкендија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА