Силекс и Работнички имаат негатива на полувремето, по мајсторски акции на противниците (ВИДЕО)

Силекс и Работнички имаат минимални негативи од 1-0 по првото полувреме на гостувањата во првото коло од Конференциската лига на УЕФА.

Силекс гостува на црногорскиот Дечиќ каде има негатива од 39. минута по погодокот на Бајовиќ за водство од 1-0.

Убава акција на домашните, Стриполиќ асистираше до Бајовиќ кој прецизно шутираше од 12 метри.

Работнички, пак, на дуелот против белорускиот Торпедо Балаз, кој се игра во Халадаш, Унгарија, исто така има негатива од 1-0. Белорусите до водството дојдоа со голот Седко, по одлично изведениот корнер, уште во 12. минута од натпреварот.

Се вчитува...