Силекс и Шкендија во дербито на рундата во ПМФЛ

Во Кратово од 13 часот се игра дерби на колото во Првата македонска фудбалска лига каде Силекс ја пречекува Шкендија. Кратовци доаѓаат во одлична форма откако во претходното коло славеа драматична победа на гости кај Струга со 3-2 и бележат подем во сезоната.

Од друга страна, актуелниот шампион Шкендија е под огромен притисок поради двомечот со Самсунспор во Конференциската лига, па натпреварот доаѓа во лош момент за тетовци. Победа на Силекс би ја оддалечило Шкендија од врвот, а Вардар би останал со голема предност. „Црвено-црните“ се без пораз во 19 натпревари и по вчерашниот триумф над Башкими водат со 9 бода пред Струга и Шкендија.

Силекс има и дополнителен мотив бидејќи триумф би ги вратил во сериозна игра за второто место кое води во квалификациите за Конференциската лига.

Се вчитува...