Силекс ќе брка негатива од два гола на реваншот против Дечиќ во првото коло од квалификациите за Конференциската лига на УЕФА, откако загуби со 2-0 на гостувањето на првиот натпревар во Црна Гора.
Домашните дојдоа до предност на дуелот во 39. минута со погодокот на Бајовиќ.
Убава акција на домашните, Стриполиќ асистираше до Бајовиќ кој прецизно шутираше од 12 метри.
Сериозните проблеми за кратовци во второто полувреме почнаа уште во 50. минута кога македонскиот тим остана со фудбалер помалку на теренот.
Црногорците ја искористија квантитативната предност и дојдоа до 2-0 со голот на Ндиаје во 70. минута.
По, ова кратовци ја отворија играта имаа и неколку убави можности, и погоден дирек од домашниот гол, но не успеаја да го ублажат поразот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

