Македонскиот прволигаш Силекс почна со зимските подготовки, тимот засега работи во Кратово, а втората фаза ќе биде реализирана во Анталија, како и минатата сезона. Тренерот Жикица Тасевски наметнува силно темпо на работа, а Силекс ќе има квалитетни проверки во турскиот туристички центар, каде ќе замине втора зима последователно. Договорени се силни ривали на контролите во Анталија.
Силекс на 24.јануари ќе спарингува со Оренбург, два дена подоцна ќе одигра пријателски натпревар со Луч Енергија, а на 28.јануари ќе ги одмери силите со полскиот тим Арка Гдиња. Ќе следат контролите со Нефчи (30.јануари) и со Мариупол (31.јануари), а на 2.февруари тестовите ќе бидат заокружени со контрола против Кубан Краснодар.
Силекс по првиот дел од сезоната се наоѓа на третата позиција на табелата во Првата лига со 31 освоен бод, што дава реални шанси за излез на европска сцена следната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА