Силекс е првиот прволигаш, по второлигашите Охрид и Шкендија Арачиново, кој обезбеди полуфинале во Купот на Македонија.
Во денешната четвртфинална пресметка во Кратово, Силекс со убедливи 3-0 славеше против второлигашот Детонит.
Кратовци поведоа по 29. минути игра со голот на Дарко Додев. Во второто полувреме Ангелески од слободен удар погоди за 2-0, а Португалецот Пиреш, во 70. минута стрелаше и за конечни 3-0.
Во полуфиналето Силекс ќе се соочи со екипата на Охрид, која вчера го елиминираше Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

