Силекс му држи лекција по фудбал на Шкупи, Брегалница води на полувремето со Работнички (ВИДЕО)

Кратовски Силекс со лекција по фудбал за шампионот Шкупи низ првите 45 минути од дербито на 20. коло во Првата македонска фудбалска лига. Силекс по првото полувреме има предност од 2-0 против чаирчани со два прекрасни гола на Милосављевиќ и на Марко Ѓорѓиевски.

Силекс го „смрзна“ Шкупи уште во 4. минута на дуелот.

Во 21. минута, пак, одличен продор на поранешниот фудбалер на Шкупи, Марко Ѓорѓиевски кој откако се ослободи од своите чувари и низ брз напад прекрасно погоди за 2-0.

Во Скопје, на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, пак, Брегалница има предност од 0-1 против Работнички на полувремето. Исто така уште во 4.минута штипјани поведоа против Работнички. Одлична акција по десната страна на Ѓорѓиев кој нафрли пред голот на „романтичарите“ каде Иван Николов од неколку метри погоди за 0-1.

Нема голови на останатите два натпревари во Тетово, каде Шкендија игра со Победа, и во Автокоманда на дуелот меѓу Скопје и Тиквеш.

ПМФЛ – 20. КОЛО (прво полувреме)
Кратово: СИЛЕКС – ШКУПИ 2-0
Милосављевиќ 4′, Ѓорѓиевски 32′
Тетово: ШКЕНДИЈА – ПОБЕДА 0-0
Скопје: РАБОТНИЧКИ – БРЕГАЛНИЦА 0-1
Николов 4′
Скопје: СКОПЈЕ – ТИКВЕШ 0-0
ВЧЕРА
Струга: СТРУГА ТЛ – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-0
* Слободна е екипата на Академија Пандев

Се вчитува...