Силекс не успеа да го пробие „бункерот“ – Јашар во 90. минута одбрани бод за Башкими (ВИДЕО)

Фудбалерите на Силекс не успеаја да дојдат до посакуваната победа на стартот од вториот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.

Кратовци на домашен терен ремизираа без голови во пресметката со Башкими.

Избраниците на Александар Васоски беа подобар противник на теренот, имаа континуирана иницијатива пред голот на гостите во текот на целиот натпревар, но и покрај обидите не успеаја да го пробијат „бункерот“ на противникот.

Нападите во второто полувреме главно јалови без поизразени шанси се до 90. минута кога голманот на Башкими, Амир Јашар со одлична интервенција спречи сигурен гол за победа на Силекс.

ПМФЛ – 17. КОЛО
Скопје: ВАРДАР – АРСИМИ 5-1 (4-0)
Цветковиќ 5′, Николов 20′, Велковски 35′, Босанчиќ 42′, Омерагиќ 69′ – Цуцули 90’+3 (п)
Кратово: СИЛЕКС – БАШКИМИ 0-0

ВЧЕРА
Тетово: ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ 2-0 (0-0)
Спахиу 78′, Ндзенгуе 89′
Кавадарци: ШКУПИ – ТИКВЕШ 0-6 (0-4)
Садик 9′, 61′, 76′, Стојковски 20′, Тасев 23′, Голубов 61′

Се вчитува...