Силекс одигра нерешено против Нефчи од Узбекистан

Силекс одигра нерешено 2-2 против Нефчи од Узбекистан во денешниот контролен натпревар одигран во Анталија.

Силекс најпрво губеше, па направи пресврт, и на крај дозволи противникот да израмни и да се спаси од пораз.

Кратовскиот тим имаше негатива во 17. минута од средбата. Во 43. минута Додев успеа да израмни по еден центаршут од левата страна.

Во вториот дел Анѓелески од пенал му донесе предност на Силекс, а потоа Узбекистанците успеаја да израмнат во 86. минута. Головите за Нефчи ги постигнаа Јововиќ и Марушиќ.

Се вчитува...