Македонскиот прволигаш Силекс денеска го имаше првиот тест на подготовките во Анталија. Кратовци ремизираа без голови против рускиот второлигаш Шиник Јарослав.
Во дуел на кој повеќе се внимаваше на сопствениот гол, Силекс беше рамноправен ривал со рускиот клуб, а натпреварот од трибините го следеше и селекторот Игор Ангеловски.
Ова беше прва проверка на формата за избраниците на тренерот Жикица Тасевски, кои во турската база Анталија го одработуваат вториот дел од зимските подготовки. Следниот тест за кратовци ќе биде в среда против Динамо Тбилиси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА