Кратовскиот прволигаш Силекс од вчера се наоѓа во турскиот туристички центар Анталија, каде ќе го реализира вториот дел од зимските подготовки. Тренерот Жикица Тасевски паралелно работи со фудбалерите и на техничко-тактички план, но и на подобрување на физичките способности, со цел што е можно подобро подготвени да го пречекаат пролетниот дел од шампионатот.
„Овде во Анталија имаме одлични услови за подготовки. Ќе ги искористиме максимално, и за воигрување на екипата, но и за проверка на формата на неколку пријателски натпревари“, вели за ЕКИПА од Анталија, Жикица Тасевски.
Утре кратовци, со почеток во 14 часот, ќе ја имаат и првата контрола, против рускиот второлигаш Оренбург. Овој тим се наоѓа на втората позиција во Втората лига на Русија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА