Екипата на Силекс претрпе пораз на денешниот контролен натпревар одигран во Анталија од Согдиана од Узбекистан со 2-0. Кратовскиот тим ги прими головите во последните 20 минути.
Откако на полувремето беше без голови, во 70. минута Абдурашидов го донесе узбекистанскиот тим во предност. Во 81. минута од средбата, Токстасинов ги постави конечните 2-0.
На овој натпревар за домашните играше и Дориев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

