Македонскиот прволигаш Силекс го загуби денешниот пријателски натпревар против унгарскиот второлигаш Балмазујварош со 1-0. Тренерот Жикица Тасевски на овој меч им даде шанса за настап на голем број фудбалери, поделени во два тима, кои одиграа по 45 минути.
По првиот дел на овој натпреварот немаше голови, а Балмазујварош дојде до водство во 62.минута, кога Адам Фекете постигна погодок по изведен корнер на унгарскиот тим.
Следниот пријателски натпревар Силекс ќе го има на 7.февруари, кога ќе тестира против казахстанскиот тим Тобол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА