Со два натпревари денеска ќе стартува 6. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Перфектниот досега и лидер на табелата во ПМФЛ, Силекс ќе има тешка задача на гостувањето кај повратникот во елитата, Башкими. Кумановци кои почнаа со три меча без пораз по нивното враќање во ПМФЛ, забележаа два порази во низа, а на денешниот меч ќе немаат лесна задача против лидерот на табелата.
Во вториот меч Македонија Ѓорче Петров и АП Брера во меѓусебен дуел ќе се сретнат во меч кој популарно кажано носи шест бода.
И двата натпревари се со почеток во 15.30 часот.
ПМФЛ 6. КОЛО:
ДЕНЕСКА:
(15.30) БАШКИМИ – СИЛЕКС
(15.30) МАКЕДОНИЈА ЃП – АП БРЕРА
УТРЕ (17 септември)
(15.30) СТРУГА ТЛ – ШКЕНДИЈА
(15.30) ТИКВЕШ – ШКУПИ
ЧЕТВРТОК (18 септември)
(15.30) АРСИМИ – ВАРДАР
(19.00) РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

