Силекс против црногорски Дечиќ, а Работнички со Торпедо од Белорусија во Конференциската лига

Кратовски Силекс ќе игра против екипата на Дечиќ од Црна Гора во 1. квалификацско коло од Конференциската лига на УЕФА, одлучи денешната ждрепка во Нион.

Екипата на Работнички, пак, на стартот од ова натпреварување ќе се соочи со Торпедо од Белорусија.

Најлесен можен противник, како што е познато, доби Вардар кој во 1. коло ќе игра против Ла Фиорита од Сан Марино.

Сите три македонски екипи ќе гостуваат на првите натпревари од стартното квалификациско коло во Конференциската лига. Првите мечеви се играат на 10. јули, а реваншите се на 17. јули.

Се вчитува...