Кратовски Силекс одигра без победник (1-1) со српскиот прволигаш Трајал од Крушевац на првиот пријателски натпревар за време на летните подготовки за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.
Кратовци први поведоа на натпреварот со голот на Виктор Серафимовски, но Трајал дојде до израмнување со голот на Фратровиќ во 85. минута од средбата.
Шефот на стручниот штаб на Силекс, Горазд Михаилов натпреварот го почна во следниот состав: Велковски, Ричков, Маринковиќ, Петковски, Серафимовски, Коцев, Јаневски, Ефтимов, Дуков, Манасиевски и Масевски, а уште играа и Божиновски, Обадовиќ, Петровиќ, Рајков, Лаламари, Алији, Ристовски и Николовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

