За настапите во квалификациите од Конференциската лига на УЕФА, Силекс се засили со 31-годишниот босански интернационалец Миљан Говедарица.
Кратовци и официјално го промовираа фудбалерот кој настапува на левата крилна позиција и во клубот доаѓа од босанскиот прволигаш ФК Славија Сараево.
Говедарица претходно во кариерата има настапувано и за Слобода Тузла, Зрињски Мостар, Леотар како и украинскиот прволигаш Кривбас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

