Силекс се засили со дефанзивецот Иван Шуберт од Слобода Тузла

Силекс за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига се засили и со централниот дефанзивец Иван Шуберт.

29-годишниот српски интернационалец во Силекс доаѓа од редовите на Слобода Тузла од БиХ.

Претходно во својата кариера има настапувано и за Доњи Срем, Земун, Раднички Шид и Нови Пазар во шампионатот на Србија, како и за екипата на Ал-Оруба во Оман.

Се вчитува...