Силекс се засили со српски интернационалец

Македонскиот фудбалски прволигаш Силекс продолжува со составувањето на тимот за пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.

26-годишниот играч од средниот ред, Мирза Делимеѓац е нов фудбалер на кратовчани. Во Кратово тој доаѓа од редовите на српски ФК Јединство Уб.

Делимеѓац во есенската полусезона настапуваше во Првата српската лига каде запиша 12 настапи и еден постигнат гол. Во кариерата има настапувано во Албанија, Бугарија, Сингапур, Србија и БиХ.

Се вчитува...