Кратовски Силекс за новата сезона ги засилува офанзивните редови со две нови имиња, босанскиот напаѓач Ади Алиќ и крилниот офанзивец од Воска спорт, Валентин Кочоски.
22-годишниот Ади Алиќ во својата кариера има настапувано за Слобода Тузла, а во Силекс доаѓа од кипарскиот Ахиронас каде играше изминатата сезона.
27-годишниот Валентин Кочоски, пак, по завршувањето на соработката со Воска Спорт сега продолжува во Силекс. Искусниот Кочоски претходно во својата кариера има настапи и за Академија Пандев, Беласица, Шкупи, Струга ТЛ и Пелистер.
СИЛЕКС ГО ПОБЕДИ СРПСКИОТ РАДНИК СУРДУЛИЦА СО 2-1
И двајцата настапија на денешниот пријателски натпревар за Силекс во Кратово, во победата од 2-1 против српскиот прволигаш Радник Сурдулица.
Марко Ѓоргиевски во 14. минута го донесе Силекс до предност од 1-0, а потоа во 66. минута токму Ади Алиќ од пенал погоди за 2-0. Гостите го ублажија поразот со голот на Бранислав Коциќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА