Фудбалерите на Силекс имаат 1-1 по првото полувреме на реванш средбата против црногорскиот Дечиќ во првото квалификациско коло од УЕФА Конференциската лига, па се уште останува надежта низ вторите 45 минути за два гола и пласман во следната рунда натпревари.
Дечиќ на првиот натпревар во Црна Гора славеше со 2-0, па на кратовци се уште ќе им бидат неопходни два гола во второто полувреме.
Гостите експресно брзо дојдоа до предност од 0-1 на дуелот кој се игра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје со голот на Стриковиќ уште во 3. минута од средбата.
Но, Алиќ во 28. минута постигна гол за 1-1 по првите 45 минути на дуелот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

