Македонскиот фудбалски прволигаш Силекс со четири нови засилувања го заврши летниот преоден рок во сезоната 2025-2026 година.
20-годишниот Лука Јакимовски, пристигнува од Вардарски и ќе ја засили десната бековска позиција во одбраната. Од Вардар Неготино доаѓа 22-годишниот Кристијан Ѓорѓиевски, новиот голман на тимот.
Средниот ред ќе добие свежина со 24-годишниот Стојче Стојов, кој пристигнува од Осогово. Последно име е 25-годишниот Зоран Андонов од Брера Струмица, играч кој може да ги покрие страничните позиции во нападот и одбраната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

