Силекс со голот на засилувањето Каракамишев триумфираше против Саса

На последниот пријателски натпревар пред стартот на пролетниот дел од сезоната, Силекс во Кратово триумфираше против второлигашот Каменица Саса со 1-0.

Стрелец на победничкиот гол за составот на Горан Симов беше засилувањето Ристе Каракамишев во 82. минута од средбата. Кратовци во второто полувреме не реализираа и удар од белата точка.

Се вчитува...