Силекс со минимална предност на полувремето во Ѓорче Петров (ВИДЕО)

Македонија ЃП и Силекс 1-2 на полувремето. Вреди да се напомене дека во Македонија ЃП се вратија стандарните играчи, по настапот со младинците со Шкендија кога загубија 7-2.

И во таква ситуација, Силекс е подобар противник. Во 15. минута по центаршутот на Пиреш од десната страна, Мирчевски со глава го совлада Јанков.

Се играше 27. минута кога Силекс стигна до одлични 0-2. Откако Кабаркас се обиде да расчисти опасност пред голот на Македонија ЃП, топката стигна до Донов кој ја зафати со волеј, и таа заврши во мрежата.

Се играше 32. минута кога по една грешка во одбраната на Силекс и лошо исфрлање, топката стигна до Пецов кој успеа да го совлада Џеков и да го намали резултатот.

Се вчитува...