Силекс со победа ги заврши серијата на пријателски натпревари во Анталија. Денеска кратовскиот тим беше подобар од вториот тим на Рапид Виена минимално со 1-0.
Стрелец на единствениот гол за второлигашот од Кратово беше Ѓорѓи Танушев во 35. минута од средата.
Со тоа експедицијата на Силекс ги заврши подготовките во турскиот туристички центар, и утре се враќа во Македонија, каде ќе ги продолжи подготовките за пролетниот дел од сезоната во Втората лига.
Кратовци веќе со една нога се прволигаши, откако имаат добра предност на табелата пред конкурентите Воска Спорт и Вардар. Останува само да продолжат во ист стил, и следната сезона одново да ги гледаме на прволигашката сцена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА