Силекс во финишот до победа над Вардар (ВИДЕО)

Фудбалерите на Силекс славеа со 0-1 во последниот натпревар од 7. коло во Првата македонска фудбалска лига кој се играше во вечерен термин на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

И двата тима имаа свои шанси во првото полувреме, но и Гачевски и Џеков успеаја да го сочуваат својот гол па по првите 45 минути да останат непопуларните 0-0. Кратовци се заканија преку Алиќ и Ѓорѓиевски, додека Вардар со шутот со глава на Омерагиќ ја имаше единствената шанса.

Во второто полувреме гостите беа поблиску до гол, но повторно во неколку наврати Ѓорѓиевски не успеа да стрела од 100% позиции.

И кога сите очекуваа крај на мечот се случи една помалку спорна ситуација по која Додев постигна гол за водство на гостите од 0-1. Главниот судија Пилешков прво го поништи голот поради офсајд, но потоа по консултација реши да го признае за триумф на гостите од 0-1, бидејќи топката, откако претходната акција на Силекс заврши, во обид од домашните да ја исфрлат се одби од одбранбениот фудбалер на Вардар и поради тоа нема офсајд, што се чини е исправна одлука на судиите.

Како и да е, на крај самите „вардарци“ успеаја да им подарат гол на кратовци за триумф и три бода.

ПМФЛ – 7. КОЛО
Скопје: ГОСТИВАР – ШКЕНДИЈА 3-1
Огужан 21′, Симоновски 47′, Алдаир 90′ (п) – Ибраими 87′
Струмица: АП БРЕРА – ТИКВЕШ 0-0
Скопје: ШКУПИ – БЕСА 1-1
Едмундсон 24′ – Али 82′
Битола: ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ 0-0
Охрид: ВОСКА СПОРТ – СТРУГА ТЛ 1-1
Јахја 49′ – Радески 67′
Скопје: ВАРДАР – СИЛЕКС  0-1

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...