Силен интернационален турнир „Њу Старс Куп 2023“ од денеска во Скопје (ФОТО)

Денеска во општината Ѓорче Петров, на теренот на фудбалскиот клуб „Њу Старс“, и официјално отворен Интернационалниот фудбалски турнир „Њу старс куп 2023″.

Турнирот, кој ќе се одржува на три фудбалски терени во Ѓорче Петров и во Градскиот парк, беше отворен со обраќања до учесниците од Илчо Ѓорѓиоски, првиот човек на организаторот на турнирот, екипата на „Њу старс“, како и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојковски и претставник од Меѓународна организација на интерционални судии Шкодра Спорт, Јетмир Подгорица.

На турнирот ќе учествуваат повеќе од 100 екипи од Македонија, Косово, Србија, Бугарија, Грција и Албанија. Како што нагласуваат од „Њу старс“, желбата е турнирот да биде традиционален во уште поголеми рамки во иднина, со цел сплотување на младите и под мотото „Да им дадеме шанса – да им подадеме рака на сите деца“.

„Навистина сум среќен што фудбалскиот клуб Њу Старс од Општина Ѓорче Петров, кој во изминатите години бележи раст на дечиња кои фудбалски се едуцираат на територијата на нашата општина, како и дечиња кои се дел од младите категории во репрезентацијата на Македонија, е организатор на еден ваков интернационален турнир. Натпреварите ќе се играат на три терени на територијата на Скопје, меѓу кои и стадионот “Млади Лавови” во нашата општина, каде што ќе имаме убава можност да погледнеме повеќе фудбалски екипи од Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Грција и Албанија, кои ќе настапат на овој турнир. Турнирот е пред се од пријателски карактер, односно одлична можност за сите дечиња да другаруваат, да стекнат нови пријателства, како и да развијат борбен и натпреварувачки дух, се со цел да градат нови перспективи на патот кон спортскиот успех“ – истакна во своето обраќање градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Се вчитува...