Националниот празник 11. Октомври во Прилеп ќе биде одбележан и со 11. традиционален меѓународен турнир во џудо “Прилеп Град Херој-2019 Цевитана Куп“ кој утре ќе се одржи во спортската сала на СОУ “Р.Р.Ричко“ во Прилеп.
На турнирот кој е во организација на Џудо Клубот “Сеишин“ од Прилеп и во соработка со Џудо федерацијата на С.Македонија до овој момент, покрај домашните, за учество се пријавени повеќе од 30 клубови од 6 држави од Регионот: Србија, Бугарија, Грција, Албанија, Црна Гора и Косово. Според проценките на организаторот, се очекува присуство на околу 250-300 натпреварувачи.
На турнирот ќе бидат присутни и неколку значајни имиња за џудо спортот од регионот како Славко Обадов, Вук Рашовиќ и Павле Буљчик од Србија, како и Чихи Јанош од Унгарија.
Официјалното отворање на турнирот ќе биде утре со почеток од 10 часот во спортската сала на СОУ “Р.Р.Ричко“ во Прилеп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА