Фудбалерите на Грција претрпеа убедлив пораз од Данска (3-0) во квалификациите за Светското првенство, а тренерот на таа селекција, Иван Јовановиќ, беше во центарот на вниманието. И тоа, поради бизарна ситуација!
За време на неговото излагање на прес-конференцијата, се случи земјотрес! Сè почна да се тресе, беше многу непријатно и никој не знаеше точно што се случува, а видеото од оваа ситуација ја обиколи планетата.
За среќа, сè брзо заврши, а Јовановиќ додаде:
„Денеска сè беше погрешно, почнувајќи од мојата подготовка за натпреварот!“, изјави Јовановиќ.
Погледнете како изгледаше оваа ситуација (на следното видео на 26:40 од почетокот):
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

