Барселона и Валенсија вечерва на „Бенито Вилјамарин“ во Севилја ќе го играат финалето на Купот на Шпанија, а тоа веројатно ќе биде и последен меч за холандскиот голман Јеспер Силесен во дресот на каталонскиот клуб. Тој сака да има поголема минутажа, а не може да ја избори крај Марк Андре Тер Штеген, кој е прв чувар на мрежата на Барселона.
Силесен треба да добие шанса во вечерашното финале и да се збогува со Барселона. За него е заинтересирана Бенфика, преговорите се во тек и тој за сума од 20 милиони евра треба да се пресели во Лисабон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА