Брегалница е со три порази во низа во домашниот шампионат, поради што фудбалерите на штипските „сини“ без сомнение се желни за победа на неделниот натпревар против Вардар во 9. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Фудбалерот од средниот ред, Горан Силјановски е свесен дека и вината треба секој сам да ја побара во себе и меѓу играчите како би се подобрил колективот.
„Иако играме добро и создаваме шанси, изгубивме доста бодови во последните неколку средби од направени индивидуални грешки и некои ситници кои на крај ги одлучуваа натпреварите. Мораме сите да бидеме самокритични и да работиме на себе ако сакаме да напредуваме и да ги сведеме грешките на минимум“ – вели Силјановски пред дуелот со Вардар и дополнува:
„Атмосферата во екипата е на одлично ниво, се надевам ќе го пренесеме тоа во недела и на теренот, и на натпреварот со Вардар очекувам секој што ќе добие шанса дека ќе го даде својот максимум и со една пожртвувана игра ќе се вратиме на победите кои значат многу, како за нас, така и за нашите верни навивачи кои се секогаш и секаде наша поддршка“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

