Довчерашниот фудбалер на Работнички, Горан Силјановски денеска и официјално е промовиран во дресот на својот нов клуб, албанскиот прволигаш Фљамуртари од Валона.
26-годишниот десен бек се одлучи да ја прифати понуда на Фљамуртари, на чија клупа е поранешниот стратег на Шкендија, Шпетим Дуро. Силјановски потпиша едногодишен договор со албанскиот прволигаш, со можност за продолжување на уште една.
„Задоволен сум што потпишав договор со клуб кој има сериозни амбиции за следната сезона. Се одлучив да стартувам со интернационален предизвик за мене, по годините минати на домашната фудбалска сцена“ – ни изјави Силјановски по потпишувањето на договорот со Фљамуртари.
Претходно, во својата кариера Силјановски има настапи за Вардар, Ренова и Работнички, а зад себе има и четири настапи за сениорската репрезентација на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА