Силјановски: Шкендија игра одличен фудбал, но Брегалница ја носи тимскиот дух

Брегалница во желбата за продолжување на одличната пролетна сезона денеска од 16 часот на Градскиот стадион во Штип ја очекува дерби пресметката со Шкендија во првиот натпревар од 28. коло во Првата македонска фудбалска лига.

„Сините“ веруваат дека може да се продолжи низата позитивни резултати, но повторно само со максимално пожртвувано издание затоа што ги очекува дуел со најдобрата екипа во првенството, која пролетва исто така игра одличен фудбал.

„Факт е дека Шкендија игра одличен фудбал, и се навистина во сериозен залет низ пролетниот дел од сезоната. Имаат одлични индивидуалци кои може да решат натпревар и затоа ние мора, како и досега, максимално сериозно да пристапиме на натпреварот“ – вели еден од најдобрите поединци на Брегалница, Горан Силјановски, притоа дополнувајќи:

„Нас оваа пролет навистина не краси тимскиот дух. На колективот се должат досегашните резултати, затоа што играме еден за друг и секако само за успех на екипата. Верувам дека така ќе биде и на денешниот натпревар со Шкендија и повторно со поддршка од нашите верни навивачи ќе дојдеме до позитивен резултат“.

ПМФЛ – 28. КОЛО (денеска, 16 ч.)
Штип: БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА
УТРЕ (16 ч.)
Скопје: СКОПЈЕ – АК. ПАНДЕВ
Кратово: СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА ЃП
Кавадарци: ТИКВЕШ – ШКУПИ
Прилеп: ПОБЕДА – РАБОТНИЧКИ

Се вчитува...