Олимпија Љубљана се подготвува за амбиционза сезона во која покрај успехот во домашното и регионалното првенство ќе настапува со високи амбиции во Еврокупот. За тоа тренерот Јурица Големац веќе започна со составување на ростерот, а по продолжување на соработката со Едо Муриќ и Ален Омиќ нов „змајчек“ е Амар Алибеговиќ.
Босанскиот центар во главниот град на Словенија доаѓа од редовите на Виртус Болоња со која го освои Еврокупот и италијанското првенствo бележејќи просек од 5.3 поени и 2.4 скока, односно 7.5 поени и 3.5 скока, но во „зелените“ бои се очекува да има далеку позначајна улога.
V Ljubljano se iz Bologne seli mladi in nadarjeni krilni center Amar Alibegović, ki je v minuli sezoni z Virtusom postal prvak @EuroCup.@Amar7Alibegovic, dobrodošel med Zmaji! 💚🧡 #ZmajevoSrce pic.twitter.com/QV7s9Iw4Em
— Cedevita Olimpija Ljubljana (@KKCedOL) July 6, 2022
Олимпија Љубљана е еден од противниците на МЗТ Скопје за следната сезона во АБА првенството, а со оглед на амбициите на Словенците, аеродромскиот состав ќе има тешка задача да дојде до позитивен биланс во меѓусебните натпревари. На вкупно 12 одигани средби „сино-белите“ забележаа пет победи, наспроти седумтте на Олимпија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА