Силна поддршка од трибините: Се очекуваат 20.000 фанови на „Тодор Проески“!

Македонските репрезентативци веруваат во силна поддршка од трибините на националната арена „Тодор Проески“ на утрешниот натпревар против Украина (20:45 часот) во квалификациите за ЕП 2024.

Според денешните информации, досега се продадени околу 10.000 билети за утрешниот натпревар против Украинците. Како по обичај во последните два дена, низ денешниот и утрешниот ден се очекува голем број фудбалски вљубеници да ја дополнат бројката од околу 20.000 навивачи колку се предвидувањата за пополнетост на најголемиот наш стадион.

„Сигурно огромен е мотивот кај нас за успешен дуел против силната Украина. Веруваме дека со силна поддршка од трибините ќе одиграме максимално, и ќе знаеме како да ги израдуваме нашите навивачи“ – истакнува капитенот Стефан Ристовски.

Продажбата на билети, кои се по цена од 300 и 400 денари, за натпреварот Македонија – Украина се организира преку продажната мрежа на MKTickets со физичко присуство на купувачите. Едно лице може да купи најмногу четири (4) билети. Задолжителна е влезница за натпреварот и за деца, без оглед на нивната возраст.

Билетарата на Националната арена „Тодор Проески“ е биде отворена на од вчера, а ќе биде и денеска (15. јуни) и утре на денот на натпреварот (16. јуни) од 10 часот.

Продажни места:

Скопје:

• ЛитератураМК – City Mall

• ЛитератураМК – East Gate

• ЛитератураМК – Веро Центар

• Литература – ТЦ Буњаковец

• Литература МК  – ул. Македонија

• Југотон ГТЦ 1

• ЈК Травел – ТЦ Бисер

• Макпетрол – Козле

• Макпетрол  – Илинденска

• Макпетрол – Влае

Велес:

• Унисон

Прилеп:

• ТА Бран

Куманово:

• Тобако Агора

Тетово:

• Тобако Монако

• Гранд Тобако

Гостивар:

• Тобако Вона 5

Охрид:

• ТА Вис Пој

Битола:

• Литерара МК

• Tobacco Brothers

Струмица:

• Литература МК

• ТА Сафари

Радовиш:

• ТА Халкидики

Се вчитува...