Силни политички провокации во Солун: „Македонија е овде…“ (ФОТО)

Фудбалскиот натпревар од Лигата на Европа во Солун меѓу ПАОК и Шалке 04 минува и со жестоки политички провокации од страна на домашните навивачи кон Македонија.

Навивачите на ПАОК на централната трибини извадија транспарент „Македонија е една и единствена, и таа е овде“, со очигледна политичка провокација. Претходно, за многу побезначајни политички провокации УЕФА прекинувала меѓународни натпревари кои се играле во Македонија се додека не се отстранат транспарентите, но тоа не е случај во Солун.

комити во солун

Како поддршка за навивачите на Шалке 04, пак, во Солун се и десеттици навивачи на вардаровата навивачка група „Комити“ која е збратимена со навивачката група од Гелзенкирхен.

Се вчитува...