Валенсија го одигра првиот натпревар по страшните поплави кој го погодија овој регион од Шпанија. Натпревар под силни емоции, на крај со триумф од 4-2 против Бетис во чест на повеќе од 200 жртви во страшните поплави во Провинцијата Валенсија.
Увертирата пред мечот на тимот за кој брани македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски, беа емотивниците сцени посветени на сите жртви но и сите граѓани кои останаа без кров над главата во природната катстрофа, поради што доцнеше и првиот судиски свиреж.
На крај, Валенсија се погрижи да им подари победа на присутните на стадионот славејќи со 4-2. Димитриевски остана на клупата за резервни фудбалери.
AMUNT VALENCIANS
UNITS COM SEMPRE 🦇 pic.twitter.com/UzsVgl5OQr
— Valencia CF (@valenciacf) November 23, 2024
Фудбалерите на Валенсија ги заменија домашните бели дресови со црни на овој натпревар поради жртвите кои ги однесе бурата ДАНА.
Así ha sido el emocionante minuto de SILENCIO en el Camp de #Mestalla
Siempre en nuestro recuerdo 🖤 pic.twitter.com/G17bw9jK9T
— Valencia CF (@valenciacf) November 23, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА