Силно невреме го погоди Сплит, стадионот на Хајдук видно оштетен (ФОТО)

Сплит и неговата околина беа погодени од големо невреме утрово околу девет часот, откако силен дожд, град и силни ветришта урнаа дрвја, а градот немаше и струја. Големи поплави имаше на многу патишта.

Во невремето настрада и стадионот на Хајдук Сплит „Полјуд“. Оштетување на кровната конструкција на „Пољуд“ се случи во значителна мера и за прв пат на југозападната страна, која досега добро се држеше. Бурниот ветер расфрли околу стотина лексани табли на сите страни, дел надвор од стадионот, дел на трибините, а дел одлетаа на теренот, пренесува „24сата“.

Хајдук напладне закажа прес-конференција и претставување на првите засилувања, но поради поплави во просториите каде вообичаено се одржуваат вакви настани, прашање е дали ќе ја одржат конференцијата или ќе ја одложат.

Се вчитува...