Поради екстремно лоши временски услови, силно невреме испратени со разбранувано Охридско езеро, прекинато е годинашното 38. издание на Охридскиот пливачки маратон.
Силниот ветар и високите бранови предизвикаа големи проблеми кај пливачите по што речиси беше невозможно да се доврши трката. Грижејќи се за безбедноста на пливачите, трката беше прекината а сите пливачи извлечени на безбедно.
Трката беше прекината во близина на Гранит. На претходната мерна точка, пак, во водство беше Аргентинецот Матиас Дијас Хернандес, а во групата од шест пливачи втор беше Италијанецот Матео Фурлан, а трет македонскиот пливач Петар Цеков.
„Имајќи ја предвид безбедноста на учесниците, одлучено е истата да биде прекината. Согласно пропозициите судиите на маратонот наскоро ќе излезат со детални податоци и со детални информации за пласманот на маратонците до времето на прекинот на трката што ќе биде и конечен пласман на 38. Охридски пливачки маратон“ – информираа организаторите на Охридскиот пливачки маратон 2025.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

