Силва и Бускетс едногласни: Дојдовме во Скопје само по победа!

Давид Силва и Серхио Бускетс се едногласно во очекување на утрешниот натпревар меѓу Македонија и Шпанија на „Телеком аренат“ дека не смее да се потцени составот на Игор Ангеловски. Но, тие во Скопје допатуваа по ништо друго, освен по три бода…

„Ако јас имам одиграно толку натпревари за Шпанија и по толку време сум се  уште дел од тимот значи дека тренерот верува во мене, па така јас ќе му вратам на теренот со добри партии. Нормално дека треба да се превзема одговорност како играч кој е долго време во тимот. Македонија е добра селекција, без разлика на резултатите во групата, но ние сме Шпанија и мора да победиме“  – истакна Давид Силва.

IMG_1505

Еднакво е размислувањето и на Серхио Бускетс…

„Тука сме да победиме. Не можеме да мислиме на картоните, но ако победиме без некакви дополнителни проблеми, ќе биде добра вест за нас во пресрет на средбата со Италија. Иско е многу квалитетен играч. Има капацитет да му помогне на тимот, знае да нападне од повеќе страни. Не е важно на која позиција ќе го започне мечот, Иско знае да се закани на повеќе начини, тренерот најдобро го знае тоа“ – истакна Бускетс во очекување на утрешниот дуел со Македонија.

IMG_1504

Се вчитува...