По сензационалната победа над Италија, македонската фудбалска репрезентација 90. минути ја делат од пласман на Мундијалот во Катар, но за место меѓу најдобрите фудбалски репрезетнации во светот, избраниците на Благоја Милевски мораат да слават против Португалија.
Португалците до финалето стигнаа со победа од 3-1 над Турција, но и покрај тоа што важат за фаворити за нашата репрезентација имаа само пофални зборови.
„Искрено не знаеме што да очекуваме од Македонија. Сепак имавме можност да ги запознаеме преку видеа, станува збор за агресивен тим, кои секогаш сакаат да играат со топка. Секако дека ја респектираме Македонија, ако веќе дошла до тука тогаш станува збор за квалитетен тим, тука нема дилеми. Ги победила Германија и Италија на гости, треба да бидеме внимателни со Македонија. Од друга страна знам дека Португалија мора да оди на Мундијалот во Катар“, изјави фудбалерот на Манчестер Сити, Бернардо Силва.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА